Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку граѓани за празникот заминаа во странство преку Табановце и Богородица?

Колку граѓани за празникот заминаа во странство преку Табановце и Богородица?

Над 16 илјади македонски граѓани од вчера до денеска на пладне ја напуштиле државата преку Богородица и Табановце.

Од Mинистерството за внатрешни работи(МВР) информираат и дека поради почетокот на целосната имплементација на новиот систем за влез во Европската Унија, можно е и зголемување на времето на задржување на граничните премини при влез во ЕУ. Сепак, како што додаваат, преземени се сите неопходни мерки за непречено функционирање на граничните премини, со ставање во функција на сите расположливи материјално-технички и човечки ресурси, со цел да се обезбеди брз проток на патници.

На граничниот премин Богородица, во периодот од 9 април во 12 часот до 10 април во 12 часот, во државата влегле 1.394 македонски државјани, додека излегле 6.864. Во истиот период, влез оствариле 4.753 странски државјани, а 5.070 ја напуштиле државата.

Поголема е гужвата на граничниот премин Табановце, каде од вчера на пладне до денеска влез во државата оствариле 3.158 македонски државјани, а излез 9.150. Кај странските државјани, 7.360 влегле, додека 5.449 ја напуштиле државата.

На преминот Дојран, регистрирани се 241 влез и 546 излези на македонски државјани, додека кај странците 1.212 влегле, а 1.114 излегле од државата.

На граничниот премин Меџитлија, влез во државата оствариле 129 македонски државјани, а излез 832. Кај странските државјани, 3 .347 влегле, додека 3.038 ја напуштиле државата.

фото Фактор

Слично

Поврзани вести