Koлку граѓани во земјава се без документи?
Oфицијално во Македонија се регистрирани 650 лица, кои не се евидентирани и кои немаат лични документи.
Оваа бројка од 650 лица е добиена како резултат на заедничката работа на Министерството за труд и социјална политика, Управата за водење матични книги, МВР, други надлежни институции, ОБСЕ, УНХЦР, невладини организации. Но, „темната“ бројка на лицата без документи е од 1.500 до две илјади.
Премиерот Зоран Заев во обраќање на дебатата потсети дека Владата и МТСП како координатор на активностите заедно со Управата за водење на матични книги во април отвори јавен повик до сите лица кои не се евидентирани да дојдат во подрачните единици и да пополнат прашалник за причините.
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска вели дека Владата треба да донесе одлука за патеката по која ќе се оди со цел во првиот квартал од 2019 година овие лица да се впишат, со што ќе се отвори патот тие да ги остварат нивните граѓански права.
