Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку граѓани го оправдуваат азилот на Груевски?

Колку граѓани го оправдуваат азилот на Груевски?

Азилот на поранешниот премиер, Никола Груевски не го одобруваат 52 проценти од граѓаните.


Над половина од граѓаните на Македонија, 52,3 проценти не го одобруваат политичкиот азил на поранешниот премиер Никола Груевски, наспроти 21 процент кои го оправдуваат. Ова го покажа анкетата на ТЕЛМА и МЦМС, реализирана од М-Проспект од 21 до 27 ноември на репрезентативен примерок од 800 испитаници. За бегството на Груевски се воздржале од изјаснување или одговориле со „не знам“ вкупно 27 проценти од анкетираните. Помалку од половина или 44,4 проценти сметаат дека азилот на Груески е со знаење на власта, додека 25 проценти сметаат дека не е. Висок е процентот на оние кои не знаат или одбиле да оговорат на ова прашање – 30,5%.

Слично

Поврзани вести