Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку градинки прифатиле да работат втора смена?

Колку градинки прифатиле да работат втора смена?

Министерката за труд и социјална политика,  Мила Царовска вели дека тринаесет градинки го прифатиле проектот за работа во втора смена и имаат 20 градинки што работат секоја прва сабота во месецот. 

Царовска вели  дека со тоа ефектите се постигнати. 

„Ги поттикнувам сите градини кои што имаат навистина родители кои имаат потреба од работа на градинката втора смена тоа да се спроведе и да имаме точна бројка. Таму каде што има потреба има втора смена, каде што нема потреба, нема втора смена. Не е тоа притисок, но важно е институциите да сфатат дека работат во интерес на граѓаните. Ако се јавила потреба, таа треба да се изреализира“-  изјави Царовска.

Посочи дека имаше и промена на градоначалници во најголем дел од општините, па сега ако претходно се правела бариера свесно да не се отвори втора смена заради политички цели, тоа е релаксирано.

Слично

Поврзани вести