Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку години затвор им се заканува за Терористичко загрозување на уставниот поредок?

Колку години затвор им се заканува за Терористичко загрозување на уставниот поредок?

Јавното обвинителство на Република Македонија конечно се охрабри да поведе истражна постапка за настаните од Крвавиот четврток на 27 април годинава со посериозна квалификација на кривично-правниот настан. Според информациите кои ги соопшти ЈОРМ, за 36 осомничени лица е поведена постапка со кривична пријава за Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, што е едно од најтешките дела според македонскиот кривичен закон.

„Тој што со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија ќе предизвика или сериозно ќе се закани со предизвикување експлозија, пожар, поплава или друго општоопасно дејствие или акт на насилство, создавајќи чувство на несигурност или страв кај граѓаните, ќе се казни со затвор најмалку десет години“, стои во член 313 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Досега се приведени дваесетина лица меѓу кои Митко Чавков, екс директор на БЈБ, Игор Дурловски и Владо Јовановски од организацијата „За заедничка Македонија“, повеќе директни учесници во упадот во Собранието како и пратеници. Дел од нив веќе даваат исказ пред обвинител. По дел од осомничените се трага.

Х.С.

Слично

Поврзани вести