Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку гледачи ќе го следат Супер купот?

Колку гледачи ќе го следат  Супер купот?

Повеќе од 300 тв куќи од околу 200 земји ќе вршат пренос од спектаклот од Супер купот кој ќе се одигра во Скопје. 

Се очекува преносот да го следат меѓу половина и една милијарда гледачи, со што ќе биде втор најгледан настан по летната Олимпијада во Рио.

Со цел да се избегне метеж при безбедносната проверка, како и при проверката на билетите, влезовите на арената ќе бидат отворени три часа пред натпреварот – од 17:45 часот. Пред двата тима да излезат на терен ќе се одржи свечена церемонија, но деталите  не се откриени.

Капацитетот на арената ќе биде целосно искористен.  7.680 места им припаднаа на македонски граѓани, а скоро исто толку и на навивачите од Шпанија и Англија. Место е резервирано и за домашни фунционери. Од централната трибина натпреварот ќе го следат премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев и претседателот на парламентот, Талат Џафери. Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, се уште не одговорил на поканата од УЕФА.

Преносот започнува во 20:45 часот. 

Слично

Поврзани вести