Економија, финансии, бизнис

Контакт

Koлку гласови од ДУИ ќе завршат на конто на Пендаровски?

Koлку гласови од ДУИ ќе завршат на конто на Пендаровски?

Шефот на изборниот штаб на ДУИ, Изет Меџити вели дека во вториот круг од претседателските избори, неговата партија ќе испорача 80.000 гласови за консензуалниот кандидат Стево Пендаровски. 

„Ние во ДУИ и Албанците воопшто немаме дилеми дека треба да се поддржи број 3, бројот на консенсуалноста, на заедништвото, интеграцијата и рамноправноста“ – порачаа од ДУИ.

Од партијата велат дека бојкотот и помага на опозициската  ВМРО-ДПМНЕ и носи претседателска и парламентарна криза, како и дека ги ризикува НАТО и Европската Унија. Бојкотот, велат дека ниту ќе овозможи привремен претседател, ниту ќе казни некоја партија, но ќе поттикне избори.

Слично

Поврзани вести