Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку гласачи кои се на привремена работа во странство се пријавиле за гласање?

Колку гласачи кои се на привремена работа во странство се пријавиле за гласање?

Досега 4.872 лица кои се на привремена работа во странство се пријавиле преку електронската апликација за гласање во Дипломатско-конзуларните претставништва, соопштија синоќа од Државната изборна комисија (ДИК). 

Јавен увид во избирачкиот список досега извршиле 766 глсачи, а оние кои сакаат да проверат дали ги има на список тоа можат да го направат до 11-ти ноември.

Како што известија од ДИК, од 29.858 лица, кои беа утврдени како спорни записи- се пријавиле 83 лица, при што на 73 им е потврдено избирачкото право.

Една пријава е во фаза на разгледување, а девет се во фаза на обработка.  

За вршење јавен увид и за пријавување на граѓаните со спорни записи за изборите закажани за 11 декември, се отворени дополнителни канцеларии во 17 општини низ Македонија. 

Слично

Поврзани вести