Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЛКУ Е МОЌЕН МАКЕДОНСКИОТ ПАСОШ: Објавено ново истражување, безвизно патуваме во 125 земји

КОЛКУ Е МОЌЕН МАКЕДОНСКИОТ ПАСОШ: Објавено ново истражување, безвизно патуваме во 125 земји

Сингапур е земјата која обезбеди најголема слобода на патување за своите жители, според новиот квартален извештај објавен од лондонската истражувачка компанија за глобално државјанство и престој Henley & Partners. Граѓаните на оваа земја можат да влезат во 193 земји без виза. земји без виза.

На второ место е Јапонија, а третото место го делат повече европски земји - Германија, Франција, Шпанија, Италија, Холандија, Луксембург, Шведска, Финска, Австрија и Швајцарија. Четвртото место го делат Јужна Кореја, Данска, Белгија, Португалија, Полска и Ирска.

На самото дно на листата се пасошите на Сомалија, Ирак, Авганистан и Сирија.

Македонскиот пасош е на 43 место, заедно со Венецуела и Црна Гора. 


Индексот за пасоши на Хенли е еден од неколкуте индекси создадени од финансиските фирми за рангирање на глобалните пасоши според пристапот што им го обезбедуваат на своите граѓани. Опфаќа 227 дестинации за патување. Се ажурира во реално време во текот на годината, кога ќе стапат на сила промените во визната политика.



Слично

Поврзани вести