Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку е моќен македонскиот пасош?

Колку е моќен македонскиот пасош?

Нашите и црногорските пасоши нудат исти можности и отвораат ист број граници без виза. 

Со македонскиот пасош без виза се патува во 124 држави во светот. 

Тој се најде на 45 место на листата на земји во светот според бројот на држави во кои македонските граѓани можат да влезат без виза. Носителите на македонски пасош, како што објави „Хенли паспорт“ индексот за првиот квартал од 2021 година, без виза можат да патуваат во 124 држави.

Нашата земја 45-то место го дели со Црна Гора. На врвот на листата е рангирана Јапонија, со чијшто пасош без виза може да се патува во 191 земја од вкупно 199 колку што ги има на листата. Зад Јапонија е Сингапур со слободен влез во 190 земји, а веднаш потоа и Германија и Јужна Кореја со чии што пасоши може слободно да се патува во 189 земји во светот. 

Од државата во регионот највисоко е рангирана Грција, којашто го дели осмото место и слободен влез во 184 земји. Словенија е на 12 место и слободен влез во 180 држави, Бугарија и Хрватска го делат 18-то место за слободен влез во 171 земја, Србија е на 38 место со безвизен влез во 134 земји, Босна и Херцеговина е 49-та со влез во 117 земји, Албанија на 52 место и влез без виза во 114 земји, а Косово го споделува 102-то место со слободен влез во 40 држави. На дното на листата се Сирија, Ирак и Авганистан.

Во 2018 година јапонскиот беше најмоќен пасош.  Година претходно, сингапурскиот пасош беше број еден во светот. 

Слично

Поврзани вести