Има ли пари во касата на ВМРО-ДПМНЕ
Дали на СДСМ може да му се верува дека касата на ВМРО-ДПМНЕ е
сериозно „осиромашена“ и исцедена во минатиот период. Додека течеа пратеничките
прашања во Собранието од владеачката партија тврдеа дека на опозицискат
апартија и одговораат измените на Законот за финансирање на политичките партии,
затоа што така ќе може да обезбеди пари во касата и дека „за возврат треба да
соработува за референдумот“.
Законот за финансирање на политичките партии и барањето за „пржинска влада“ пред избори, беа едни од причините поради кои ВМРО-ДПМНЕ учествуваа на лидерските средби изминатиот период за да се избере новиот состав на ДИК, потребен за организација на најавениот референдум.
Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека не станува збор за „помош“, бидејќи основен мотив со измените на Законот за финансирање на политичките партии биле да се намали корупцијата и нерамноправноста.
- ВМРО-ДПМНЕ е сериозна и најголема партија и беше вклучена во преговори заедно со СДСМ за да го договорат законот за финансирање и буџет на политички партии и тоа со една единствена цел - да се спречи политичко влијание на одредени бизнис моќници и лоби групи за да не чувствуваат партиите притисок од истите –вели за Фактор партискиот портпарол Димче Арсовски.
Државниот ревизор пред два месеци во својот извештај утврди дека Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за последните парламентарни избори на крајот од 2016-та прикажала вкупни трошоци од 124.137.000 денари, а приходи 124.456.000 денари. Според последниот биланс, вкупната актива на партијата на крајот од 2016 била 1.670.752.000 односно три пати поголема од една година претходно, а до денес се уште е нарекувана „Најбогатата партија во Европа“ од страна на политичкиот ривал.
Фактор веќе објави став на поранешниот претседател на ДИК, Александар Новаковски, кој изјави дека претпријатијата како спонзори секогаш досега авторитарно гледале на власта и тенденциите биле повеќе да се донира за оние кои имаат парламентарно мнозинство.
- Досега опозицијата секогаш барала донациите да се намалат, за разлика од оние на власт. Овие измени во овој случај се добри, бидејќи ќе влезат како позитивни во извештаите. Добро е и тоа што оваа измена е донесена со консензус. Фирмите во Македонија тежнеат со поголема финансиска помош за владеачките партии, а тоа им дава предност. Во САД вообичаено победува онаа партија која ќе собере повеќе пари за кампања, но таму компаниите не се плашат од власта и доделуваат средства по убедување. Во овој поглед, подобро е тоа што сите помалку ќе зависат од донации, а истовремено рамномерно им се дели од државниот буџет - изјави Новаковски претходно.
Безмалку 5 милиони евра ќе добиваат партиите од државната каса со новите законски измени, наместо досегашните 1,8 милиони евра на годишно ниво. 70 проценти од парите ќе бидат наменети за парламентарните партии, додека останатата сума ќе оди на контото на помалите. За сметка на зголеменото финансирање од буџетот, за двојно се намали сумата на донации од фирми и поединци.
А.К.
