Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку е чисто: Вонредни санитарни инспекции во скопските клиники

Колку е чисто: Вонредни санитарни инспекции во скопските клиники

Од синоќа по наредба на министерот Арбен Таравари санитарни инспекции ги тресат неколку скопски клиники.

Според дел од медиумите, инспекциите затекнале хигиена која е на незадоволително ниво и медицински отпад кој не се селектира според прописите. 

Mинистерот за здравство денеска најави дека инспекциите на скопските клиники ќе продолжат. 

„Ненајавените инспекциски надзори ќе продолжат и во текот на викендот и во текот на следната недела. Целта е одблиску да се увиди состојбата во установите и да се донесат конкретни мерки, доколку се воочат определени недостатоци“, се вели во соопштението од министерството за здравство.

При надзорот е утврдено и дека во Ургентниот центар, на ортопедија и во Институтот за белодробни заболувања, општата хигиенско-санитарна состојба е релативно добра, за разлика од трауматологија каде општата хигиенско-санитарна состојба не е на задоволително ниво, соопшти министерството за здравство.

Слично

Поврзани вести