Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку дози стасуваат денеска на Табановце: Србија сепак ќе ги донира вакцините за Македонија

Колку дози стасуваат денеска на Табановце: Србија сепак ќе ги донира вакцините за Македонија

Претседателот Александар Вучиќ ќе го врачи на премиерот Зоран Заев првиот контингент вакцини кои Србија и ги донира на Македонија, јавија сите српски медиуми доцна синоќа, откако и македонската Влада соопшти дека на граничниот премин Табановце ќе стигне првата пратка вакцини од Република Србија 

Дали е ова прва пратка со помалку од ветените вакцини, или ќе стасаат најавените а ќе има уште не се соопштува. Инаку кога првично ги најави премиерот рече дека сака да ги плати овие вакцини и тоа го потврди и во петокот. Сепак вакцините најверојатно ќе бидат донација. 

Настанот за примопредавањето е во 10 часот. На примопредавањето ќе учествува делегација од Република Србија предводена од претседателот Александар Вучиќ, а негов домаќин ќе биде премиерот Зоран Заев. 

Претходно и покрај најавата, примопредавањето беше откажано од технички причини.

Според првичните најави Србија треба да ни даде 8.000 дози од производителот Фајзер/БионТек.


Слично

Поврзани вести