Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку домашни и странски набљудувачи ќе ги следат изборите?

Колку домашни и странски набљудувачи ќе ги следат изборите?

Вкупно 4.706 набљудувачи, 354 преведувачи и 60 странски новинари ќе ги следат претстојните парламентарни избори што ќе се одржат в недела.

До Државната изборна комисија акредитации побарале 4.047 домашни и 659 странски набљудувачи.

Според податоците од ДИК, од домашните набљудувачи најбројни се оние на МОСТ кој ќе ги следи изборите со 3.435 лица, а од странските најмногу има од Мисијата за набљудување на изборите ОБСЕ/ОДИХР која има каредитирано 280 набљудувачи и 230 преведувачи.

Најбројни од странските новинари кои ќе известуваат за изборите во Македонија се на Ал Џазира Балкан која има акредитирано 16 новинари. Бројни ќе бидат и новинарите од албанските медиуми како што се РТВ 21 Приштина која акредитира седум новинари и Топ Канал Тирана пет новинари. Со шест новинари изборите во земјава  ќе ги покрие и Државната турска радио телевизија ТРТ. 


Слично

Поврзани вести