Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку дивоградби во Охрид чекаат легализација?

Колку дивоградби во Охрид чекаат легализација?

Во Охрид легализација чекаат скоро 20.000 дивоградби. 

Има и многу нелегални објекти кои се наоѓаат на нешто повеќе од 50 метри оддалеченост од езерото и кои ќе може да бидат легализирани. Заштитениот појас на Охридскиот регион е изземен од Законот за легализација на бесправно изградени објекти, но неговата евентуално примена ќе биде катастрофа за Охрид, сметаат од граѓанската иницијатива „Глас за спас на Охрид“.

Во ризик се доведени 50.000  дивоградби, откако шефот на државата Стево Пендаровски не го потпиша законското решение и го врати во Собранието. 

Премиерот Зоран Заев вчера рече дека освен забелешките на Пендаровски, во повторната дискусија за Законот внимателно ќе бидат ислушани и реакциите од јавноста.  Парламентот треба да се изјасни што понатаму со Законот за легализација на дивоградби.

Слично

Поврзани вести