Колку дена се потребни за лекување на заразен од Ковид-19 со средно-тешка клиничка слика?
Во просек 16 дена се потребни за лекување на заразен од Ковид-19 со средно-тешка клиничка слика, вели директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ.
Таа додава дека сите сме различни.
„Во однос на смртноста, со зголемување на бројот на заразени, со пребукирање на болничките капацитети, од самиот почеток стравувавме од тоа“, рече директорката.
Додава дека секој кревет на клиниката рационално се користи.
Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес конференција предупреди на сериозната ситуација со епидемиолошката состојба во земјава, нагласувајќи дека имаме експлозија на вирусот.
Македонија вчера регистрираше 1.275 заразени со коронавирусот, што е рекорд.
Слично
