Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Колку чини животот во оваа скапано брутално партизирана вукојебина?!“: Мојсоска бара надлежните да ги казнат „одговорните“ за ослободувањето на возачот

„Колку чини животот во оваа скапано брутално партизирана вукојебина?!“: Мојсоска бара надлежните да ги казнат „одговорните“ за ослободувањето на возачот

Не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи по смртта на 22-годишната Фросина Кулакова на булеварот Партизански одреди.

Дополнителен револт меѓу граѓаните се создаде по сознанието дека лицето кое ја прегази возел без возачка дозвола, имал акохоло во крвта и требало да биде во затвор. 

На ова реагираат и од опозициската Левица, со остри критики за системот и причините млад човек со бројни кривични дела да се ослободи и да се дозволи да аздисува по скопските улици што доведе до трагичната смрт на младата Фросина, надежна креаторка, која булеварот го поминуала на зелено светло на пешачки премин. 

- Обвинителите кои ги отфрлиле кривичните пријави против разгаленото детиште што усмрти млада девојка да се обзнанат со име и презиме. Да се објави нивниот кариерен напредок и во чии партиски кругови гравитираат.

Судиите кои одбивале мерка притвор и го пуштале во поправен дом убиецот да се објават со име и презиме.

Уште утре јавниот обвинител Љупчо Коцевски треба на прес-конференција пред целата јавност да ги соопшти сите детали за кривичните дела на разгаленото детиште и да иницира постапки против јавните обвинители кои со своето непостапување креирале убиец.

Судскиот совет и новиот претседател Александар Камбовски (за кој веќе излегоа информации дека носел контроверзни одлуки за сличен случај) треба пред јавноста со ИМИЊА да обзнанат кои судии претходно не го санкционирале сторителот и да иницираат постапки за одговорност против судиите.

Неколку заташкани кривични дела, возење без возачка дозвола, дилање дрога - сето тоа е возможно само од "знаеш ти чиј син сум" и од партиски судии и обвинители кои одработуваат за ПАРТИЈАТА НАМЕСТО ЗА ПРАВДАТА.

Побогу, колку чини животот во оваа скапано брутално партизирана вукојебина?! - напиша Јована Мојсоска од Левица на Фејсбук. 


Реагираше и првиот човек на Левица, пратеникот Димитар Апасиев, кој посочи дека се бараат имињата и презимињата на обивнителите и судиите кои дозволиле тој слободно да се шета како да нема направено никакво кривично дело. 

Слично

Поврзани вести