Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку чини превоз до Токио: екс градоначалникот на Битола не знае зошто е обвинет

Колку чини превоз до Токио: екс градоначалникот на Битола не знае зошто е обвинет

Поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески, денеска во судница тврдеше дека тој и неговиот менаџерски тим работеле законски, па не му јасно зошто се обвинети за злоупотреба со превозот. Според него, тие дури и се заложиле и ги намалиле цените на превозот на ученици. 

„Не разбирам зошто сме обвинети, кога ја гледате нашата тенденција дека бараме начин како да го изреализираме до крај Законот за слободен превоз на начин за да се намалат цените за превозот на ученици и тие бие намалени учениците“, рече Талески. 

Екс градоначалникот подолго од два часа одговараше на прашањата на неговиот адвокат, Димитар Дангов, за обвинението во предметот на СЈО „Транспортер“. Претходно адвокатот Димитар Дангов го праша Талески за „бомбата“ која беше објавена во јавност, алудирајќи на говорот на обвинителката Фатиме Фетаи дека превозот на ученици во Битола бил поскап и од Токио. Судијката Кацарска не го дозволи прашањето по приговорот на обвинителот Трајче Пеливанов, бидејќи како што рече, тоа како содржина го нема во доказите, а и обвинетот не може да одговори превозот до Токио.  

Покрај Талески, обинет во овој случај е и експретседателот на Комисијата за јавни набавки во Битола, како и директори на средни училишта, но и превозници кои наплаќале двојно повисока цена за превозот. 

Слично

Поврзани вести