Колку чини најскапото оро во Македонија?
Вкупно 30.000 евра ќе чини најскапото оро во историјата на Македонија, откако гевгелиското обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози против соседите во Гевгелија кои ја прекршија забраната за движење за време на празникот Велигден.
Од 43 лица, 30 лица се обвинети затоа што на 19 април 2020 година, за време кога во сила била забраната за движење, излегле од своите домови и на улицата „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија играле оро, на претходно пуштена музика, додека останатите 13 лица, го сториле кривичното дело движејќи се пеш или со возила за време на полициски час.
ОЈО Гевгелија ги достави предлозите со кои му предложи на Судот за секој од обвинетите да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја дневна глоба со висина од по 10 евра во денарска противвредност.
