Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку чинеше ангажманот на Бучковски во преговорите со Бугарија?

Колку чинеше ангажманот на Бучковски во преговорите со Бугарија?

На платениот список на Министерството за надворешни работи како именуван специјален претставник за Бугарија, поранешниот премиер Владо Бучковски имаше месечен хонорар од 60.000 денари. Во зависност од активностите, добиваше и исплата на дневни трошоци.

Тој повеќе не е специјален претставник на Македонија во преговорите со Бугарија.  Владата на вчерашната седница го разреши од должноста специјален претставник на Македонија во преговорите со Бугарија за надминување на спорот. Разрешувањето поминало на седницата како дел од точката „кадровски решенија“. Разрешувањето доаѓа само еден месец откако беше продолжен мандатот. 

Инаку, тој 1 декември 2020 година ја извршуваше оваа функција. Причините за разрешувањето се непознати. 

„Еден мој пријател од Софија, често ми велеше „ти си тука чуварот на огнот, не дозволуваш да се угаси… огнот кој ја подгрева надежта дека Бугарија и Македонија можат и ќе бидат, час поскоро, вистински пријатели и сојузници“, изјави Бучковски потоа за МИА.

Од Владата му благодарат на Бучковски за сите напори со кои придонесе кон одржувањето на добрососедските и пријателските односи меѓу Македонија и Бугарија. 

Инаку, источниот сосед засега е со иста позиција кон Македонија, и ветото останува. 



Слично

Поврзани вести