Економија, финансии, бизнис

Контакт

Kолку бебиња се родени лани во Македонија?

Kолку бебиња се родени лани во Македонија?

Податоците на Државниот завод за статистика, покажуваат дека во Република Македонија во 2017 година се родени вкупнo 21 946 деца, од кои 21 754 живородени и 192 мртвородени деца. 

Бројот на живородените деца во 2017 година, во  споредба со минатата година, е намален за 5.4 %. Во структурата според пол, кај живородените деца, машките имаат 
поголемо учество, и тоа 51.3 %, односно на 100 живородени женски децa 105.3 се машки.

Според месецот на раѓање, најголем број раѓања (1 953) се регистрирани во месец јули.

Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 34.7 % се живородени деца од мајки на возраст од 25 до 29  години.

Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања изнесува 28.9 години, а при првите раѓања 27.2 години и  вредностите се исти како и минатата година.

Генерациска година на мајката, која се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето, е 1988 година.  Во 2017 година се регистрирани 20 живородени деца од мајки на возраст под 15 години.

Бројот на вонбрачните живородени деца изнесува 2 534 деца или 11.6 % од вкупниот број на живородените деца се  вонбрачни.

За споредба во 2016 година вкупно се родени 23 199 деца,  од кои 23 002 се живородени и 197 мртвородени деца, а во 2015 година се родени 23 260 деца,  од кои живородени се 23 075 и 185 мртвородени деца.

Слично

Поврзани вести