Економија, финансии, бизнис

Контакт

Koлку активни случаи на коронавирусот има во Македонија?

Koлку активни случаи на коронавирусот има во Македонија?

Во моментов во Македонија има над 12.000 активни случаи на коронавирусот. 

Како што вчера објави Министерството за здравство, вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 191.820 бројката на оздравени пациенти е 173.048, на починати е 6.683, а бројот на активни случаи е 12.089.

Последните денови на дневна основа имаме помеѓу 400 и 500 заболени. 

Вчера се регистрирани 412 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2.

Состојбата не е сјајна ниту во регионот. Србија е пред нови рестрикции. 

Инаку, во светот, компанијата Фајзер вели дека поминува во следната фаза на клинички тестови т.е. апчиња за отстранување на Ковид 19 кај луѓе кои се изложени на инфекција. 

Слично

Поврзани вести