Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку активни пожари има во Македонија?

Колку активни пожари има во Македонија?

Од Центарот за управување со кризи денеска информираа дека бројот на пожари што беснееја во земјава се намали на четири. 

Од ЦУК објаснуваат дека во текот на денешниот ден лица од ЦУК, Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ЈП „Македонски шуми“ вршат извидување, набљудување и процена на состојбата со пожарите, од воздух со хеликоптер.

Забраната за движење во шумите продолжува, а сè уште има и засилени контроли од полицијата во соработка со шумската полиција.

Авионите за гаснење пожар на ДЗС се подготвени доколку се процени дека има потреба да интервенираат и се побара таков ангажман.

Пожарите во подрачјето на Општина Македонски Брод, во атарот на селата Волче, Заград, Растеш, Здуње, Близанско и Грешница, се целосно изгаснати.

Пожарот кај Јасеновска Глава од страна на село Попадија е локализиран.

Пожарот кај Богомилскиот Тунел вчера е ставен под контрола, а пожарот на Бистра Планина е активен на мала површина.

Пожарот во близина на Мажучиште, Мраморани и Горно Село, Прилепско, е локализиран. 

Кај месноста Тоски, помеѓу селата Богојци и Татеши во Струга има шумски пожар со кој е зафатена дабова и нискостеблеста шума. 

Слично

Поврзани вести