Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку аерозагадувањето ја чини Македонија?

Колку аерозагадувањето ја чини Македонија?

На Македонија и на Скопје ќе има требаат многу финансиски средства за да го намалат загадувањето. За намалување на загадувањето на воздухот во главниот град до 50% во наредните осум години би требало да се вложат 380 милиони евра. 

Овие средства би биле неопходни за проширувањето на системот на топлификација во Скопје, спроведување на мерки за енергетска ефикасност во објектите и менување на уредите за греење во домаќинствата.

Овој податок од научниците на МАНУ беше изнесен на форум со академската заедница за можностите за намалување на загадувањето на воздухот предизвикано од греењето на домаќинствата. 

Аерозагадувањето ја чини Македонија најмалку 325 милиони евра, кои беа пресметани од Светската банка како трошоци за справување со проблемите поврзани со загадениот воздух.

Слично

Поврзани вести