Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЛКАВО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР ЌЕ „СКРОЈАТ“ ВЛАДАТА И СИНДИКАТИТЕ - двете страни велат дека се блиску до решение

КОЛКАВО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР ЌЕ „СКРОЈАТ“ ВЛАДАТА И СИНДИКАТИТЕ - двете страни велат дека се блиску до решение

Министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју за МИА рече дека двете страни биле блиску до солуција, и дека е можно тоа прашање да се заокружи за неколку денови. 

„Сакам да бидам и повторувам дека сум рационален омптимист во смисла дека оптимизмот те става во конфорна зона и сметате дека не треба ништо да се ангажирате и дека работите ќе се решат сами по себе. Рационалниот оптимизам е дека треба тоа што го имаме како оптимистичко очекување, да вложиме напори да го постигнеме. Мислам дека има солидна клима, има меѓусебна доверба, волја за решение, треба уште некои финеси да ги дефинираме и доколку сме со овој интензитет, прашање на денови е кога би го заокружиле ова со синдикатите во интерес на сите граѓани“, рече првиот финансиер.

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, за медиумите изјави дека синдикатите остануваат на барањето, зголемување на платите да биде двоцифрено.

Во последните денови од преговорите двете страни постигнале значаен напредок, многу повеќе отколку што се преговараше долго време претходно. Синдикатите и Владата се се поблиску до заедничко решение за платите во јавниот сектор. Веќе в понеделник се очекува нова средба, а до тогаш Министерството за финансии ќе анализира како синдикалните барања би се одразиле врз Буџетот.

Всушност, тоа д се базира на податоците за инфлација, која лани беше двоцифрена и изнесуваше над 14 отсто. Од синдикатот пресметале дека ако функционерите си ги намалат платите и ги доведат на ниво од предзголемувањето за 78 отсто, за секој вработен во јавниот сектор би имало по 1.500 денари за повисока плата.

Некои синдикати биле на став зголемувањето да биде 12,55 проценти, колку што беше растот на минамалната плата. Други го прифаќале процентот од 10,9 отсто. 

Слично

Поврзани вести