Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ НА РЕГУЛАТОРИТЕ ЗА СТРУЈА И ВОДА: годишниот извештај открива колку се троши на плати и надоместоци за вработените

КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ НА РЕГУЛАТОРИТЕ ЗА СТРУЈА И ВОДА: годишниот извештај открива колку се троши на плати и надоместоци за вработените

Иако за јавноста во голема мера месечните примања на вработените во државните институции се енигма, и тешко може да се најдат податоци колку се движа платите на вработените, тие остануваат една од најпримамливите теми. Еден од начините да се дојде до оваа информација е преку годишните извештаи кои регулаторните тела и институциите ги доставуваат до Собранието. Па таков извештај кој неодамна го објави Регулаторната комисија за енергетика и водnи услуги открива колкави се трошоците на оваа институција за плати за вработените.

Бројките говорат дека грубо примањата на сите 40 вработени во институцијата достигнуваат околу 2.000 евра. Притоа во сумата се вклучени и придонесите, односно станува збор за бруто сума.

Но, овде мора да се напомене дека е сосема очекувано оти платите на сите вработени не се исти, туку напротив, очекувано е Претседателот на РКЕ, како и членовите комисијата да имаат повисоки примања од споменатата сума, додека административците примаат пониски плати.

Годишниот извештај на РКЕ открива дека до крајот на минатата година вкупниот број на вработени во оваа институција достигнувал 40 лица, од кои седуммина се членови на Регулаторната комисија, додека 31 лице се во стручните и административни служби, и две лица се вработени као помошен персонал.  

- Образовната структура на членовите на комисијата и вработените во стручните и административните служби е 13 инженери, 13 економисти, седум правници и пет лица со друг вид високо образование. Во текот на 2023 година именувани се Претседател и тројца членови на Регулаторната комисија за енергетика со мандат од пет години. Комисија во текот на декември 2023 година, преку Агенцијата за администрација, почна постапки за вработување три лица во стручните и административни служби, постапките за вработување се во тек – се наведува во извештајот на РКЕ.

Податоците во табелата покажуваат дека само за плати и надоместоци минатата година од регулаторната комисија биле исплатени над 59 милиони денари. Согласно ова, ако сумата се подели по 12 месеци, на сите 40 вработени, вклучително со придонесите, или бруто трошоците по вработен достигнуваат две илјади евра.

-  За остварување на надлежностите од Законот за енергетика* и Законот за утврдување на цени на водните услуги, Регулаторната комисија за енергетика во 2023 година има реализирано расходи во износ од 88.330.151 денари. Реализираните расходи се за 14,43 отсто помали од планираните поради начинот на работење, објективното и рационално управување со расположливите средства како резултат на ефикасно и ефективно работење на Регулаторната комисија за енергетика – пишува во извештајот на РКЕ.

П.О.

Слично

Поврзани вести