Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колкава разлика во имотот ќе пријави Иванов кога ќе замине од Водно?

Колкава разлика во имотот ќе пријави Иванов кога ќе замине од Водно?

Ѓорѓе Иванов, актуениот претседате на државата, на 12 мај ќе изврши примопредавање на функцијата, а Антокорупциската комисија според процедурите ќе треба да направи анализа со кокав имот шефот на државата дошол на функција и со колкав си заминува, односно да ја спореди имотната состојба,

Иванов во моментов во Комисијата за спречување на корупцијата има пријавено стан во Скопје, заштеди од околу 35 илјади евра, додека на платежната картичка има повеќе од 4 милиони денари или 65 илјади евра. 

Синот на семејството Иванови има банкарска сметка на која лежат околу 35 илјади евра, а сопруга Маја во банката има околу две илјади евра.

Комисијата за спречување на корупцијата е задолжена да открие дали постои сомнителен раст на имотот со текот на времето додека јавните функционери биле на позиција.


Слично

Поврзани вести