Колкав процент од Словенците, Србите и Хрватите се незадоволни од платите?
Балканците се најнесреќни со платите, а Холанѓаните се најзадоволни.
Ова го покажува големото истражување на компанијата за човечки ресурси SD Worx, кое опфати 16.000 работници во 16 европски држави и 15 сектори.
Вкупно, 49 отсто од работниците во Европа велат дека се недоволно платени. Но, кога истото прашање им се поставува на работодавачите – 64 отсто од нив тврдат дека нудат фер плати. Вработените на Балканот се најнезадоволни во Европа – мнозинството Словенци (60 отсто), Срби (59 отсто) и Хрвати (58 отсто) веруваат дека не заработуваат толку колку што заслужуваат.
Работниците во Белгија и Холандија се најзадоволни, со повеќе од 60 отсто од оние кои веруваат дека се соодветно платени.
На третото место се Романците (58 отсто), по нив следат Британците – 57 отсто од нив веруваат дека заработуваат доволно.
Општо земено, жените почесто од мажите веруваат дека се недоволно платени (51,5 отсто наспроти 47 отсто).
Финска има најголем јаз во задоволството од платите меѓу мажите и жените – 14 поени, по што следат Норвешка (12,4), Хрватска (11) и Франција (8,8).
foto freepik.com
