Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колкав процент од скопјани се задоволни од Данела Арсовска?

Колкав процент од скопјани се задоволни од Данела Арсовска?

Скопјани се незадоволни од градоначалничката Данела Арсовска, според анкетата на ИРИ. 

Над 57 отсто од граѓаните на Скопје се „целосно незадоволни или донекаде незадоволни“ од работата на Арсовска. Скопјани се незадоволни и од работата на Советот на Град Скопје – 54 отсто од испитаниците (1.100), покажаа резултатите на анкетата американскиот Меѓународен републикански институт (ИРИ).

39 отсто се задоволни или донекаде се задоволни од работата на Арсовска, додека за работата на Советот на Град Скопје позитивно или донекаде позитивно се изјасниле 30 проценти.

Неодамна Арсовска во Само интервју кажа дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упатувал закани кон неа, но од партијата повикаа овие тврдења да ги докаже на суд. 

Слично

Поврзани вести