Колкав процент од Македонците веруваат дека земјава ќе влезе во ЕУ?
Дури 65,7 отсто од македонските граѓани рекле дека членство на Македонија во Европска Унија е најдобрата алтернатива, а помалку од една третина сметаат дека Македонија треба да бара сопствен модел за развој надвор од Унијата, покажува истражувањето „Еврометар 2026“, кое го направи организацијата Еуротинк.
Најголем дел од граѓаните (28,2) веруваат дека Македонија никогаш нема да стане дел од европското семејство, а 23,3 отсто сметаат дека тоа ќе се случи во наредните пет години, додека околу 30 отсто рекле дека тоа ќе се случи во наредните 5 до 14 години. Бројот на граѓаните кои веруваат дека за пет години отсега ќе бидеме дел од Европска Унија за три години се зголемил од 10,2 на 23,3 отсто.
Сепак, расте перцепцијата дека односот на Европска Унија кон Македонија е нефер, надмен и уценувачки.
Анализата покажува и етнички јаз – поддршката за ЕУ е драстично поголема кај помалите етнички заедници, додека скептицизмот преовладува кај Македонците.