Колкав имот поседува Добрила Кацарска
Стан од 80 метри квадратни на нејзино име е се она во што вложила Добрила Кацарска. Ова го тврди судијката во случаите „Тенк“ и „27 Април“ во емисијата „Правда и неправда“ на 1ТВ. Вели дека нејзините родители имале стан од 50 метри квадратни, а таа штедела 20-тина години за својата недвижнина, за што дополнителоно се продал претходен имот и бил земен кредит од 28.000 евра.
- Потекнувам од едно ситуирано семејство и сум единица, односно немам брат или сестра. Таткото на моето дете е починат уште кога ќерка ми беше многу мала, а таа потоа ја земаше неговата пензија. Татко ми секогаш имаше поголема плата од мене. Живеевме заедно со моите родители во стан од 88 метри квадратни, кој потоа го продадовме за да купиме други два. Мојата плата одеше на страна за штедење, а светот не сум го прошетала. Одам со ќерка ми на летен и зимски годишен одмор но не во луксузни европски центри, туку тука. Да не заборавам дека имам и едно гаражно место - изјави Кацарска во студиото.
Таа вели дека тоа е максимумот што може да стекне еден судија само од својата плата.
- Мене ако ме праша некој, јас веднаш би го дала својот глас и би била пресреќна ако еден ден се проверува имотот на сите судии - рече Кацарска во емисијата на 1ТВ.
