Колкав е бројот на приведени за инцидентот во Ченто?
Дваесетина лица се приведени откако синоќа имаше тепачка меѓу две групи на улицата „Алија Авдовиќ“ во скопската населба Ченто.
Во тепачката едната група каменувала автобус бр. 65 б кој сообраќал на релација транспортен Центар-Брњарци при што се искршени четири стакла.
Еден камен го пробил стаклото и удрил 15-годишно момче од селото Стајковци. Настанот во полиција го пријавил возач на ЈСП.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Слично
