Економија, финансии, бизнис

Контакт

Koлкав е бројот на оздравени од Ковид -19 за 24 часа?

Koлкав е бројот на оздравени од Ковид -19 за 24 часа?

За 24 часа во Македонија има 104 оздравени од коронавирусот. 

Институтот за јавно здравје евидентира 104 оздравени пациенти и тоа Скопје-46, Штип-6, Прилеп-8, Тетово-9, Велес-1, Охрид-3, Гевгелија-1, Струмица-2, Крива Паланка-2, Кочани-2, Македонски Брод-5, Пехчево-4, Берово-4, Виница-2, Делчево-6, Свети Николе-1, Кичево-2.

Денеска имаме имаме девет жртви, од кои две се на возраст од 23 и 29 години. 

Починатите се од Крива Паланка (52г), двајца од Гостивар (60г и 62г), од Куманово (60г), од Велес (70г), двајца од Скопје (71г и 23г), двајца од Струмица (29г и 44г). Oд нив 8 се починати во болнички услови, една пациентка од Струмица при транспорт кон Скопје. 

Младата пациентка која почина на 23 години имала оперирано тумор.

Се очекува дека идната година ова време за луѓето ќе биде достапна вакцина против коронавирусот. 

Словенците тврдат дека веќе имаат вакцина. Пред нив Русите направија вакцина и сега ја тестираат. 

Слично

Поврзани вести