Колкав е бројот на активни случаи на коронавирусот во земјава?
Драстично се намали бројот на активни случаи на коронавирусот во земјава.
Сега во Македонија има 156 активни случаи. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.760, бројката на оздравени пациенти е 150.118, на починати е 5.486.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 2.518 тестирање, а регистрирани се 19 нови случаи на КОВИД-19. Од нив во Тетово има 11, а во Скопје 8 случаи. Регистрирани се 4 оздравени пациенти од: Скопје – 2, Прилеп и Тетово – по 1.
Во последните 24 часа не се регистрирани починати пациенти.
foto freepik
Слично
