Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колкав бонус даде „Тетекс“ на Глигорие Гоговски ?

Колкав бонус даде „Тетекс“ на Глигорие Гоговски ?

„Тетекс“ за 2017 година додели бонус од 33.500 евра за својот генерален директор. Компанијата во последните три години исплати вкупно 480 денари дивиденда на секоја своја акција, што е податок за пофалба. „Тетекс“ во последните три години е една од најдобитните компании од аспект на дивиденда

Најголемиот македонски текстилен комбинат „Тетекс“ ќе исплати 2,07 милиони денари (околу 33.500 евра) награда на генералниот директор Глигорие Гоговски, пишува во одлуката на акционерското собрание донесена на 4 април годинава објавена на СЕИНЕТ информативниот портал на Македонската берза за хартии од вредност.

 „Тетекс“ е една од ретките компании која годинава објави конкретен износ награда за раководно лице и тоа е гест што „Фактор“ го поздравува затоа што ја јакне корпоративната култура на информирање и секако ги охрабруваме и другите домашни компании чии акции котираат на берзата да го следат примерот на „Тетекс“ во поглед на објавување на податоци.

Глигорие Гоговски е долгогодишен успешен прв човек на „Тетекс“. Македонската јавност Гоговски го памети и како последен претседател на Извршниот совет на Социјалистичка Република Македонија односно последен премиер на македонската влада во социјализмот. Гоговски воедно е и најголем поединечен акционер во „Тетекс“. Тој поседува 12,76 отсто од акциите во комбинатот. „Тетекс“ во истата одлука на акционерите од 4 април одлучи да подели во дивиденда над 39 милиони денари од својата добивка. Тоа е 95 денари бруто дивиденда за секоја акција. Тоа значи дека Гоговски за своите околу 52.850 акции со право на глас ќе добие уште 73.100 евра од дивиденда.

„Тетекс“ е шампион за делење дивиденди

Најголемиот македонски текстилен комбинат во последниве три години е синомим за солидни дивидендни приноси. Според официјалните податоци достапни на берзата во периодот од 2015 до 2017 година оваа компанија поделила вкупно по 480 денари дивиденда за секоја акција. Токму од тука треба да се бара главната причина за растот на цената на таа акција во период од една година. Имено во последниве 12 месеци пазарната цена на таа акција пораснала за повеќе од 100 отсто. Била 1.140 денари, а во еден период доситгнала и 2.495 денари. Последната пазарна цена е околу 1.980 денари, но откако беше исплатена последната дивиденда.

Р.Ф.


(Фото во текстот: Петар Стојановски/Дојче Веле)
Слично

Поврзани вести