Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колева: Да беа вака гласни Синдикатите со ВМРО-ДПМНЕ, платите ќе им беа тројно повисоки

Колева: Да беа вака гласни Синдикатите со ВМРО-ДПМНЕ, платите ќе им беа тројно повисоки

Пратеничката од редовите на СДСМ, Даниела Колева, кратко го искоментира денешниот протест на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита утрово, пред Работничкиот дом (ССМ).

„Да беа Синдикатите вака гласни кога владееше ДПМНЕ, сега платите ќе беа тројно повисоки“, искоментира пратеничката од Кавадарци на протестот за неселективно вработување, усогласување на платата согласно Законот за минимална плата и зголемување на коефициентите како додатоци на плата.

Веднаш по формирањето на новата влада да се потпише анексот на Колективниот договор, порачаа денеска здравствените работници од протестот пред Министерството за здравство.

Тие побараа од политичкиот партии кои претендираат да дојдат на власт, да седнат со Синдикатот на заедничка маса и се она што го ветуваат во предизборните програми да го договорат на хартија, а потоа и да го реализираат.

Ако не се исполни барањето за потпишување анекс од кое не отстапуваат, здравствените работници најавија помасовни протести. 

-За анексите што не беа потпишани, имаме разработено и коефициенти и математика. На тие анекси што ги дадовме до Влада, кои поминаа на Влада и се даде заклучок, сега бараме и 15 отсто на тие анекси модифицирано поради минималната плата што се покачи во март. Исто така, проблемите со Колективниот договор мора да ги спомнеме, последните три министри, иако инсистиравме, изработката на новиот колективен договор за здравство е 90 отсто направена. Тоа го направи министерот Беким Сали, се формира Работна комисија и имаше мандат една година. Тоа е скоро готова работа и усогласено е и по образование и по професии и со Закон за работни односи и со Закон за здравствена заштита. Значи, еден апел до министерот - да се формира таа комисија што побрзо, да се доврши изработката на колективниот договор, да се стави на маса и да се потпише, рече претседателот на Синдикатот на Клинички центар, Предраг Серафимовски.

Слично

Поврзани вести