Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЛЕКТИВЕН ИМУНИТЕТ САМО СО ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД: 33 милиони евра за одделенијата за интензивна нега

КОЛЕКТИВЕН ИМУНИТЕТ САМО СО ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД: 33 милиони евра за одделенијата за интензивна нега

Владината програма во наредниот четиригодишен мандат предвидува заедничка борба против корона вирусот, бо која, како што се наведува, ковид нема да исчезне и ќе биде присутен се додека не створиме колективен имунитет преку вакцината која не се очекува порано од 2021 година.

Ова значи дека сите ние мора да се навикнеме да ги почитуваме мерките за лична заштита и да живееме со вирусот. Мора да ги вршиме сите наши дневни обврски грижејќи се за своето здравје но и здравјето на другите. Сите стопански гранки, компании и организации, граѓаните, групи и секој поединец е дел од оваа борба без исклучок. По првиот бран на вирусот научивме многу. Здравствените работници и епидемиолозите сега се поподготвени и знаат многу подобро како да делуваат и се организираат за следниот предизвик со коронавирусот. Континуирано учиме и ги следиме светските пракси, сознанија и истражување и ги воведуваме во работењето кај нас. Сите досегашни научни студии, но и искуствата од други епидемии во минатото покажуваат дека вирусот многу веројатно ќе донесе уште поголеми проблеми оваа есен. Ние за ова се подготвуваме согласно препораките на СЗО и европските и светските искуства. Владата веќе започна голема инвестиција во здравствениот систем и почна да ги зајакнува одделенијата за интензивна нега ширум земјата. Со 33 милиони евра од Светска банка ќе ги опремиме сите одделенија за интензивна нега со модерна опрема, кревети, респиратори, рентген машини и сите останати потребни апарати да може да пружат врвна здравствена заштита, се наведува во програмата на Владата.


Слично

Поврзани вести