КОЛЕГИТЕ ВО ШОК, НЕ САКААТ ДА ВЕРУВААТ ДЕКА ГО НЕМА - уште еден музичар, Гоце Талевски, ја изгуби битката со ковид 19
Музичарот Гоце Талевски, член и еден од основачите на музичката група „Оскар“ од Битола почина од компликации поврзани со коронавирус.
Веста за неговата смрт ја потврдија неговите колеги од музичката група „Оскар“.
„Жална вест… Денес нè напушти нашиот брат, еден од основачите на група „Оскар“ од Битола… Не сакаме да веруваме и не можеме да го прифатиме ова што ни е припуштено како болка…. Почивај во мир единствен Гоце Талевски“, пишуваше во објавата на „Фејсбук“ на официјалниот профил на музичката група.
Инаку, како што пишуваат дел од медумите, Гоце Талевски поради компликации од коронавирус бил пренесен во приватната болница Филип Втори. Имајќи предвид дека трошоците за лекување се многу високи, неговите колеги изминатиов период собирале донации за да му помогнат.
Слично
