КОЛЕГИТЕ СЕ ПРОСТУВААТ ОД САРА ПРОЈКОВСКА: Загина во пожарот во Кочани
Сара Пројковска е меѓу загинатите во пожарот во кочанската дискотека. Ова го потврдија од Факултетот за музичка уметност во Скопје.
„Со длабока жалост и неверица ве известуваме дека нашата колешка, вонр. проф.м-р Сара Пројковска, го загуби животот во невидената трагедија во Кочани. Нашата Сара, полна со љубов, живот и музика, лавица и добрица…“, се вели во објавата на социјалните мрежи.
Во пожарот има 59 жртви. Има и над 140 повредени. Дел од нив ќе се лекуваат во странство.
Слично
