Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЛЕГИТЕ И ПРИЈАТЕЛИТЕ СЕ ЗБОГУВААТ СО ДОКТОРКАТА БИЛЈАНА ИЧЕВА - почина од ковид на 61 годишна возраст

КОЛЕГИТЕ И ПРИЈАТЕЛИТЕ СЕ ЗБОГУВААТ СО ДОКТОРКАТА БИЛЈАНА ИЧЕВА - почина од ковид на 61 годишна возраст

Почина докторката Билјана Ичева од ковид-19 на 61-годишна возраст. Ичева која беше вработена во Негорските минерални Бањи беше хоспитализирана на Инфективната клиника во Скопје, меѓутоа ја изгуби битката со вирусот.

Докторката Ичева беше специјалист физиотерапевт, а заврши Медицински Факултет во Скопје. Беше по потекло од Гевгелија, сопруга на Божин Ичев, д-р ренгенолог вработен во Општа Болница Гевгелија, а мајка на две деца.

Нејзиниот сопруг со дијагноза ковид-19 се уште е на клиничко лекување на Инфективна клиника во Скопје.
Роднини, пријатели и колеги масовно се збогуваат со д-р Ичева на социјалните мрежи. Тие поставуваат црни слики на своите профили во знак на жалост за изгубената колешка, сограѓанка, другарка и пријателка. Велат ја изгубивме докторката со најшироката насмевка.

Слично

Поврзани вести