КОЛЕГА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ КОГА ЌЕ НИ ДАДЕТЕ АМИН-4 МЕСЕЦИ СО 0 ДЕНАРИ НЕ СЕ ЖИВЕЕ: Лиценцирани млади доктори преку писмо го прашаа министерот до кога ќе седат дома
Дипломирани и
лиценцирани доктори по медицина кои до министерот за здравство, Венко Филипче,
упатија птворено писмо, посочуваат дека цели четири месеци, седат дома без
работа бидејќи чекаат на реализација на задолжителната платената пракса. Обраќајќи
се лично Филипче, велат дека може веднаш
да почнат да работат во КОВИД центри, вакцинални пунктови, брза помош, секаде
каде што недостасува кадар.
Велат дека оваа пракса е задолжителна за сите доктори дипломирани и лиценцирани после 2019 година како услов да продолжат на специјализација и понатамошно развивање во кариерата. Во писмото детално образложуваат дека ваквиот услов е задолжителен за сите здравствени работници со високо образование од областа на медицината - доктори на медицина кои со лиценца за работа се стекнале или ќе се стекнат по 22 мај 2019 година согласно Законот за дополнување на Законот за здравствената заштита („Службен весник на Република Македонија” бр. 101/19). Заинтересираните доктори на медицина треба да имаат завршена пробна работа, положен стручен испит и лиценца за работа.
-Просто кажано млади способни седиме и чекаме без работа, се нервираме ние, нашите семејства, нашите родители. Образование 7 години, и со дипломата и лиценцата чекаме, а може веднаш да почнеме да работиме во КОВИД центри, вакцинални пунктови, брза помош во зависност од потребите на луѓето во градот каде што се наоѓаме. Па колега др.Венко Филипче кога да очекуваме да ни дадете амин. 4 месеци со 0 денари приходи не се живее, а како би знаеле Вие.. Незнаеме до каде ќе тера оваа наша голгота и прашување од врата до врата во Министерството за здравство кое водат во нови разочарувања и префрлање на топката. На кратко за јавноста која не е запознаена со ова прашање во 2019 година се изгласува Закон каде што оформен докторски кадар кој е потребен во болниците заради континуираниот недостаток на медицинските лица СЕДИ ДОМА и ЧЕКА ПОВИК, ПИСМО, МАИЛ било какво известување за почнување на тие 6 месеци за кои се бориме да почнат што побрзо, според логиката на нештата со земање на лиценца тоа да е автоматизирано. Патем во тој период нема пензиско и здраствено осигурување но добро нели што не сме истрпеле па за тие 6 месеци куси нека се, посочуваат во нивното писмо дипломираните млади доктори.
На крајот, посебно истакнуваат дека се искрено разочарани, а писмото го потпишуваа:
Млади доктори кои се бориме да останеме во државата, а од државата упорно не бркате.
А.Б.