Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колефски: Нема дозвола за отворање бугарски културен центар, oва е провокација

Колефски: Нема дозвола за отворање бугарски културен центар, oва е провокација

Oткако се појави веста дека утре на 24 мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј ќе се отвори бугарски културен центар во Пустец, од локалната власт на оваа општина, за МИА изјавија дека за такво нешто нема издадено дозвола.

„Нема дозвола од надлежните албански институции за отворање бугарски културен центар. Ова го прават со цел да им се даде публицитет. Повеќе од очигледно е дека е провокација кон Македонија“, вели градоначалникот Пали Колефски.

Додава дека пред околу осум месеци момче од Пустец, студент во Бугарија изнајмил под кирија простор во приватен објект.

„Но, канцеларијата како што некој ја нарекува е под клуч. Барам да не им се дава внимание на овие провокации. Ние знаеме што сме, Македонци и тоа не може да го смени никој, а најмалку неколкумина кои за личен интерес си го продаваат најсветото-македонскиот идентитет“, додава Колефски.

Истиот став го дели и лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ Васил Стерјовски, како и претседателот на македонското друштво „Илинден” Никола Ѓурѓај, кои потсетуваат дека веќе подолг период „искажуваат загриженост од напорите на Бугарија за асимилација на Македонците не само во Мала Преспа туку и во Гора и Голо Брдо”.

Виктор Стојанов од бугарската Фондација Македонија најави дека утре ќе се отвори бугарски клуб во Пустец. 

„Пристигнавме во нашето село во Албанија. Пустец. Во среда на најголемиот бугарски празник тука ќе има бугарски собир“, пишува Стојанов во својата објава на Фејсбук.

Во Пустец живеат Македонци. Нивната бројка на територија на Албанија е околу 120.000. 

фото Фејсбук

Слично

Поврзани вести