Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коледарски пакетчиња се донирани на Детската клиника во Скопје

Коледарски пакетчиња се донирани на Детската клиника во Скопје

Познатата празнична песна „Коледе леде“ се слушна претпладнево на Детската клиника во Скопје.

Со полни раце подароци, момчињата Кристијан и Јован кои се на возраст од 8 и 5 години, пристигнаа на Детската клиника за да направат убав гест за своите врсници кои престојуваат таму. Дел од нив се борат со истата болест, со која се борела и мајката на овие братчиња, Анета Јовановска. Таа објаснува дека во 2019 година се оперирала од канцер на грлото на матката, се изборила со болеста, и сега сакала да направат хуман гест за овие деца. 

„Со претставничка на здружението „Љубов сме - Jemi Dashuri“ одлучивме да направиме една донација. Дониравме коледарски пакетчиња, имавме донација и од фирмата „Статика 001“, купивме боички, тетратки, сликовници. Бевме многу убаво пречекани од директорката Аспазија Софијанова, ни се заблагодарија од клиниката. Сакавме да направиме еден хуман гест, да ги научиме децата да бидат хумани и дека доброто со добро се враќа“, вели Јовановска, член на здружението „Љубов сме - Jemi Dashuri“.

Вели дека не е важно кој од која националност, е важно е децата да научат да бидат хумани и да помагаат. 


Слично

Поврзани вести