Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колариќ: СДСМ воспоставува режим, но народот ќе пружи отпор

Колариќ: СДСМ воспоставува режим, но народот ќе пружи отпор

Светлана Колариќ на партиската прес конференција продолжи со досегашните обвинувања против Премиерот Зоран Заев и СДСМ за вработувањето на портпароли и советници во министерствата кои според нив биле партиски војници.

- Почнаа да ги реализираат ветувањата дека Македонија ќе ја направат партиска држава, а оти тоа ќе го платат граѓаните на Република Македонија со стотици милиони денари од Буџетот, обвини ВМРО-ДПМНЕ. Деца на коалициски партнери на Заев, комедијанти кои глумеле објективни критичари, граѓани кои глумеле независни и невладини корективи на власта – сите денес се вработени во Владата и се платени со стотици милиони денари пари на граѓаните. Без квалификации и без критериум, освен тоа дека одработувале на интересите на Заев и ги манипулирале граѓаните, изјави Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо 500 евра плата за сите граѓани, додаде, Заев ќе ги плаќа само луѓето на кои им должи услуга и кои со години ги манипулирале граѓаните во негова корист.

- Народот не смее да биде доведен во ситуација со стотици милиони денари народни пари да се плаќаат извршители, војници и послушници на Заев кои се дел од планот државата да се претвори во партија, а партијата во држава, рече Колариќ.

Колариќ потенцира дека за само месец и половина, СДСМ започнала да воспоставува режим во Република Македонија, но оти отпорот од народот ќе го почувствува многу брзо.


Слично

Поврзани вести