Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЛАПС ВО СООБРАЌАЈОТ ВО СКОПЈЕ - Улиците кон центарот се блокирани, нервозни возачи дремат во автомобилите (ФОТО)

КОЛАПС ВО СООБРАЌАЈОТ ВО СКОПЈЕ - Улиците кон центарот се блокирани, нервозни возачи дремат во автомобилите (ФОТО)

Центарот од главниот град е во колапс. Поради голем дефект поголем дел од централното градско подрачје е без струја, а тоа предизвикува сериозни проблеми и во сообраќајот. 

Граѓаните кои утринава тргнаа на работа останаа заглавени низ центарски улици. Семафорите не работат, па поголем дел од возачите се пробиваат низ улиците како умеат. 

Од наши читатели дознаваме дека поради колапсот на струајта и на семафорите во централното градско подрачје колона возила кои се упатени кон центарот е направена долж булеварот „Трета македонска бригада“ во населбата Аеродором.

Колоната е дури до Американ колеџ, а нервозните возачи, особено оние кои не знаат што се случува, нестрпливо свираат. 

Дополнително граѓани пријавуваат дека поради дефектот кој го остави центарот на Скопје без струја, ништо не функционира. 
Се случува граѓани да чекаат пред влезовите на зградите, шифрите за влез и отворање на вратите не функцонираат, па тие се оневозможени да влезат во домовите или пак на нивните работни места.
 Како што информираат од ЕВН станува збор за голем дефект, и санацијата е во тек.
 

Фото: Фактор

Слично

Поврзани вести