Колаче за секое медицинско лице, благодарност од срце
Хуманост и солидарност на дело. Децата од приватните градинки, „Светот на Колорес“ макотрпно работеа на проектот „Благодарност - декорирај колаче за секое медицинско лице“.
-Овој проект одлучивме да биде пример за нашите дечиња каде што ќе покажеме благодарност кон медицинските лица за нивната целосна посветеност кон справувањето со оваа пандемија – вели директорот на установата.

Децата учат да бидат благодарни слушајќи и гледајќи како возрасните доживуваат благодарност. Да покажеме благодарност кон сите, да ја сплотиме нашата љубов за позитивно утро и зборот благодарам да биде дел од нашето секојдневие, велат од приватните градинки „Светот на Колорес“.


Пр-текст
Слично
