Кокаинот бил во пакетчиња Кензо и Диор: Прилепчанецот е во притвор во Драч
ПОлицијата му најде 324 килограми кокаин во камионот, а судот во Драч му одреди мерка притвор. Македонскиот државјанин Назиф Ајровски кој има 40 години е во затворски притвор како мерка за безбедност, пренесоа албанските медиуми.

Ајровски ја превезувал дрогата, но според полицијата, соработувал со други лица за да ја испорача до Италија.
– Дрогата – кокаин во вкупна количина од 324 килограми и 400 грама, пакувана во 300 пакетчиња, е откриена на 18 овој месец во 22:30 часот во камион со македонски регистарски ознаки SK3720AT, бела боја, натоварен со метални плочи управуван од Назиф Ајровски од село Дебреште, Прилеп, Северна Македонија. На албанска територија преку преминот Ќафасан влегол претпладнето на 16 овој месец а задржувањето по патот го објасни дека бил приморан бидејќи се загревал моторот. Тој тврди дека немал никакви сознанија за дрогата, пишува Балкан веб.
Дрогата е открена со скенер на втората линија на контрола пред возилото да влезе во траектот кој пловел на релација Драч-Анкона а требало да се растовари во Џенова.
Кокаинот бил во пакетчиња со логоата на Чикаго булс, Пари Сен Жермен, Кензо и Диор.
