Економија, финансии, бизнис

Контакт

Која македонска компанија може да се пофали со просечна плата од 1.867 евра?

Која македонска компанија може да се пофали со просечна плата од 1.867 евра?

Просечната плата во државната фирма што го контролира македонското небо е 115.397 денари, нето месечно, покажуваат официјалните податоци од извештајот на независната ревизија за 2016 година. Веројатно „М-НАВ“ е македонска фирма со најголема просечна исплатена по вработен

Просечната исплатена нето плата по вработен во државното акционерско друштво „М-НАВ“ е 115.397 денари односно 1.867 евра, покажуваат официјалните податоци на независната ревизија на „М-НАВ“ за 2016 година.

М-НАВ е единствената компанија која има овластување да врши дејност давање на услуги во воздухопловната навигација на територијата на Република Македонија. Оваа компанија, народски кажано, ги контролира полетувањата и слетувањата на комерцијалните авиони и други воздухоплови на македонска територија и ги сервисира транзитите односно прелетите на македонското небо. Оваа компанија е основа со одлука на Владата на 4 јуни 2009 година и досега работи 9 години, по издвојувањето од Дирекцијата за цивилна и воздушна пловидба.

Во 2016 година компанијата имала вкупни приходи од 800,2 милиони денари и тие во однос на 2015 година се пониски за 71 милиони денари. Од тие пари компанијата од прелети остварила приходи во износ од 680,1 милиони денари и тоа е за 84 милиони денари помалку за 84 милиони денари во однос на претходната година. Уште 108,3 милиони денари се од: слетување, контрола на летање и осветлување и кај оваа ставка има зголемување за 11 милиони денари. Од останати услуги компанијата во 2016 година остварила приходи од 11,8 милиони денари.

Кај расходите најголема ставка се платите и другите лични примања. За плати „М-НАВ“ на своите 272 вработени исплатила 622,94 милиони денари и тоа е 11,8 милиони денари повеќе од 2015 година. Платите се 80,2 отсто од сите расходи на друштвото во 2016 година.

Структурата на трошоците за плати е следна: за нето плати во 2016 година се исплатени 376,66 милиони денари и на нив се платени 209,8 милиони денари придонеси. Уште 27,2 милиони денари се пари за дневници и патни трошоци, а за останати лични примања се наменети уште 8,8 милиони денари. 

Р.Ф.

Слично

Поврзани вести