Економија, финансии, бизнис

Контакт

Која и каква е вмешаноста и учеството на Алфи во инцидентот во Бутел

Која и каква е вмешаноста и учеството на Алфи во инцидентот во Бутел

Во скопската населба Бутел, на 17 фебруари полицијата интервенираше на инцидент кој се случи помеѓу две групи, најверојатно поради нерасчистени имотно-правни односи.
Внатрешната контрола на Министерството за внатрешни работи ќе го истражува случајот во Бутел во кој се вмешани и двајца припадници на специјалната единица Алфи.

Известен е одделот за внатрешна контрола кој, доколку обезбеди докази ќе поведе постапка. 

Од полицијата се вели дека во инцидентот биле вмешани и вработени во МВР, но тие во тој момент не биле на должност.

„Во сите случаи кога има инволвирани вработени во МВР, се известува и Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди и доколку се обезбедат докази дека сториле кривично дело или прекршок со елементи на насилство, против нив ќе бидат преземени соодветни мерки“ - велат од  МВР.

Вербална расправија, тепачка, па пукање со пиштол и четворица повредени, ова се случи во скопската населба Бутел, поради, нерасчистени имотно-правни односи.

Слично

Поврзани вести