КОЈА Е ВИСТИНАТА - нема официјална потврда, а сите споделуваат тажна вест за починатата девојка која била придружба на својата мајка
Од официјалните здравствени власти во земјава се уште нема потврда дали во страотниот пожар во Тетово загинаа 14 пациенти, или меѓу починатите има и лица кои биле во придружба.
Додека, пак, веќе дури и регионалните медиуми ја пренесуваат веста за девојката која животот го изгубила во обид да ја спаси својата болна мајка.
Еве што пишува српски Блиц.
Страотниот пожар во монтажната ковид болница во Тетово однесе дури 14 животи претходниот ден, а меѓу жртвите има мајка и ќерка чии јагленисани тела беа пронајдени еден до друг од членовите на ЕБР кои учествуваа во гаснењето на пожарот.
Блиц.рс се повикува на статусот на Љуљета Адеми, која пишува за кобната вечер.
„Изгоре жива спасувајќи ја мајка си! Да вриштиш од болка од гнев! Имаше само 20 години!!! ОДГОВОРНОСТ МОРА ДА ИМА!“, напиша Адеми уште вчера на социјалната мрежа фејсбук.
Фоторепортерката на Дојче Веле на македонски јазик, Арбнора Мехмети, сподели сведоштво на очевидец кој помагал во локализација на пожарот.
"Ќерка и мајката, двете ги најдовме изгорени во кревет едена до друга. Бидејќи телата беа целосно изгорени, од косата и ланчето забележавме дека се работи за млада девојка и нејзината мајка.
Кога ги земаa телата, се грижеа за да не го изгубам ланчето на девојчето, за да им остане за спомен на семејството.
Сите тела беа изгорени а единственото нешто што остана неизгорено во нивните тела беа апаратите за дишење", го пренесува Мехмети сведоштвото.
По министерот Венко Филипче вчера, кој не прецизираше дали меѓу починатите имало и лице кое не било пациент во болницата, денеска и Гзим Нуредини, шеф на ковид центарот во тетовската болница, не потврди дека има починато и лице кое е цивил, односно било во придружба или посета на болницата.